Пелистер го прегази ФМП, Даскаловски дебитира со триумф против Гостивар

Кошаркарите на Пелистер славеа на гости кај Академија ФМП со 112-85, додека Кожув го прегази Гостивар со 102-67 во 10. коло од македонската Прва лига.

Македонскиот вицепрвак го контролираше мечот од самиот почеток и на полувреме водеше со 50-34. ФМП на моменти покажа знаци на живот, но тоа не беше доволно за да ги запре разиграните битолчани кои триумфираа со 112-85.

Најдобар кај битолскиот тим беше Мијовиќ со 24 поени, додека Брукс постигна 22 поени за Академија ФМП.

Тренерот Боро Даскаловски дебитира на клупата на Кожув со убедлива победа од 102-67 против Гостивар кој се наоѓа во голема криза.

Слејтер и Кришан постигнаа по 18 поени за Кожув, додека Остен со 21 поен беше најдобар во тимот на Гостивар.