Пелистер без милост до прва победа против Еуро Никел

Актуелниот вицешампион на Македонија, Пелистер триумфираше со 94-60 во првиот меч од четвртфиналната серија против Еуро Никел.

Битолскиот тим беше апсолутно подобар и во ниеден момент не беше во негатива. Пелистер отвори со 19-3 што беше најдобра потврда дека тимот на Дарко Радуловиќ максимално сериозно го сфатила овој натпревар. Со оглед на тоа што уште во воведните минути беше скршен отпорот на противникот, лесно беше да се одржува водството и да се дојде до лесна и убедлива победа.

Маслинко и Мијовиќ со по 16 поени беа најефикасни во тимот на Пелистер, но се истакна и Планиниќ со 11 поени, 10 скока и 6 асистенции. Ветеранот Соколов беше најдобар кај Еуро Никел со 20 поени, но потфрли Смит Меквен кој го заврши натпреварот со само четири поени.