Антиќ: На Давитков му истече договорот, ќе го наследи домашен тренер од странство!

На досегашниот селектор на македонската кошаркарската репрезентација, Јорданчо Давитков, му е истечен договорот, а од раководството на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) денеска потврдуваат дека тој нема да остане на оваа функција.

Претседателот Перо Антиќ не сакаше да навлегува во детали околу името на неговиот наследник, откривајќи, делумно на шега делумно сериозно дека ќе биде домашен стратег што работи во странство.

Неофицијално, според информациите кои подолго време кружат во кошаркарските кругови, станува збор за скопјанецот Октај Махмути, зад кого е импресивна тренерска кариера со работа во екипи како Анадолу Ефес, Бенетон, Дарушафака и Галатасарај.