МЗТ се засили со уште еден повратник – репрезентативец на Македонија!
Тој веќе извесно време тренира со „металците“, за кои настапи и во триумфот на овој тим на неодамнешниот меморијален турнир „Андреј Грковски“, а денеска и официјално го потпиша договорот. За крилниот центар ова е враќање во добро позната средина, со оглед што веќе го носеше сино-белиот дрес во периодот помеѓу 2017 и 2020 година.
Маслинко е четврто засилување за МЗТ Скопје за новата сезона, по Андреј Магдевски, Брандон Слај и Милош Копривица. Во тимот се уште Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоновски, Марко Миловановиќ и Марко Баковиќ. Шампионот новата сезона ја почнува на 24 септември со мечот на домашен терен против Теодо на стартот од АБА2-лигата.