МЗТ Скопје ја оправда фаворитската улога во мечот против ТФТ и славеше со убедливи 97-78 во натпреварот од 15. коло во македонското првенство.

МЗТ почна да го полни кошот на ТФТ од првата минута, а нивната најголема предност во првата четвртина изнесуваше +18 (35-17), по што екипата од Аеродром немаше милост ниту до крајот на првото полувреме. Нивното водство достигна и +29 (53-24), а на паузата гостите заминаа со 57-35.

ТФТ во второто полувреме заигра за нијанса подобро, па влезе во серија од 8-0 со што намали на -18 (73-55). МЗТ се опушти во финишот, а тоа предизивка и дополнително намалување на разликата, но ТФТ немаше сила за ништо повеќе освен да го ублажи поразот на 78-97.

Феми Онуџоби постигна 18 поени во екипата на МЗТ, додека Смит даде исто толку за тимот на ТФТ.