
МЗТ Скопје мисли на иднината - го врза најмладиот играч на уште три години
Петков игра на плејмејкерската позиција и со 21 година е најмлад во составот на Васко Атанасов. Неговото продолжување на договорот е влог во иднината и тоа откако младиот кошаркар се покажа добро во својата прва сезона во клубот.
Тој дојде лани од Феникс и одигра 30 натпревари во домашното првенство и 13 во АБА 2 лигата.