МЗТ без мака го совлада Охрид за 14. победа во Првата лига

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва го совладаа Охрид со 81-68 во 17. коло од македонската Прва лига.

МЗТ Скопје го доби првото полувреме со седум поени разлика (42-35), а продолжи да ја зголемува предноста и во вториот дел додека Охрид се обидуваше да се врати во игра и да го изненади фаворитот.

Делалиќ со 21 поен и шест скокови беше најдобар кај скопскиот тим, додека Бруер постигна 22 поени и 10 скокови за Охрид.

Академија ФМП вечерва оствари триумф против Вардар со 80-74, а најдобар на теренот беше Нилд со 19 поени, два скока и две асистенции.