Монструозен дабл-дабл за Миќовиќ: МЗТ со една одлична четвртина го реши ТФТ!

Кошаркарите на МЗТ Скопје со одлична игра во третата четвртина (28-9) ја осигураа победата во првиот меч од македонската Прва лига во новата година и тоа во пресметката со актуелниот куп-освојувач ТФТ (91-81).

Гостите пружија силен отпор во првото полувреме, во кое најчесто беа во водство, а кое заврши со 54-54. Но, сино-белите кон средината на третиот период со 17 поени по ред дојдоа до огромни 78-61, кои најавија сигурна победа. Но, гостите од Тафталиџе не се предадоа, па последните десет минути ги почнаа со серија 16-1 со која намалија на само 79-83. Сепак, тоа беше се од нивна страна, бидејќи актуелниот шампион врати со осум поени во низа (91-79) со што стави печат на десеттата победа по ред на домашна сцена.

Најзаслужен за тоа беше Страхиња Миќовиќ, кој мечот го заврши со монструозен дабл-дабл од 34 поени и 17 скока. Зад него беа браќата Војдан и Дамјан Стојановски со 14 односно 12 поени. Дупри Мекбраер и Виктор Ташовски со по 16 поени беа најпрецизни кај ТФТ.

МЗТ со овој триумф се зацврсти како лидер на табелата со скор 11-1 додека ТФТ дојде до скор 7-5. Утре во склоп на 12. коло ќе се сретнат Пелистер и Гостивар, додека останатите средби ќе се одиграа следниот викенд.