Мираковски: Снемавме сила по двата пеколни меча во – два дена!

Кошаркарите на Работнички се бореа машки, но со покуса ротација немаа што да бараат во денешното финале од Купот на Македонија во кое загубија од МЗТ Скопје.

Тоа на крајот го призна и тренерот Димитар Мираковски, кој откри дека неговите избраници снемале сили со оглед на пеколните два меча што ги имаа во два дена, мислејќи и на вчерашното полуфинале со Еуро Никел.

„Игравме два тешки меча во два дена и не издржавме. Нашите клучни играчи немаа енергија на крајот за да одиграа на посакуваното ниво. Дефанзивно немам што да им забележам, но офанзивно не можевме да се најдеме. Имавме големи проблеми со личните грешки, секогаш кога ќе се приклучевме имавме нова мака со даулите и тоа придонесе да не се вратиме целосно. Немаме време за жалење, веќе од среда почнуваме со плејофот во кој ќе се обидеме да стигнеме до титулата“, изјави Димитар Мираковски.

Центарци во доигрувањето почнуваат против тимот на ТФТ во серија до две победи.