
Македонија без Војдан Стојановски на квалификациската средба против Естонија?!
Причина за тоа беше повредата на задната ложа најдобриот кошаркар на аеродромци на самиот старт од четвртиот период. Болката го спречи да им помогне на соиграчите, а тоа истовремено му донесе главоболки на селекторот на Македонија, Александар Јончевски, во пресрет на првите дуели од квалификациите за ЕП 2025.
Засега не е познато дали и колку ќе паузира Војдан, но со оглед што повредата не е наивна и е болна, лесно може да се случи тој да го пропушти најмалку дуелот против Естонија, закажан за в четврток во Скопје.