Лечиќ и Гечевски на „ладење“ - го навредувале судијата Давидов

Помошниот тренер на Работнички, Андреј Апостолски Лечиќ и службениот претставник на клубот Тодор Гечевски се суспендирани на еден натпревар поради неспортски однос на првиот натпревар од плејоф серијата против Феникс.

Комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ во своето образложение напиша дека тие „на висок тон и со навредливи и погрдни зборови му се обратиле судијата Александар Давидов, со забелешки дека судел тенденциозно, против нивната екипа“. Двајцата нема да бидат во протоколот за денешниот меч кој од 18 часот се игра во Кале.

Работнички триумфираше на првиот натпревар, но победникот беше неизвесен до последните моменти.