Куманово го прегази Кожув за трет триумф во Суперлигата

Кошаркарите на Куманово беа подобри од Кожув со 91-74 во петтото коло од македонската Суперлига.

Куманово тргна фуриозно во натпреварот и ја доби првата четвртина со 31-15, додека на полувреме предноста изнесуваше 51-33.

Кожув не успеа да одговори во вториот дел, додека Куманово успешно ја чуваше предноста и на крајот триумфира со убедливи 91-74.

Најдобар во победничкиот тим беше Камерон Гуден со 21 поен, пет скокови и три асистенции, додека најефикасен кај Кожув беше Никола Бојчев со 22 поени и пет скокови.