Кожув договори трето засилување - доаѓа кошаркар кој бил на чекор до НБА-лигата!

Македонскиот кошаркарски прволигаш Кожув го договори и третото засилување за следната сезона, а тоа е американскиот интернационалец Девон Хигс.

Хигс игра на бековските позиции, а доаѓа од развојната Г-лига, каде што претходно играл за Гринсборо, а за малку ќе завршел во НБА-лигата.

Американецот лани играл за Мотор сити круз, а во септември потпишал за Детроит пистонс, меѓутоа набрзо добил отказ и бил вратен во летната лига.

Кожув претходно се засили со двајца кошаркари, а тоа се Арсеније Вучковиќ и Хусеин Бајрам.

Фото: Facebook/Motor City Cruise