Работнички и Гостивар ќе играат за помош на болниот Ивица!

Кошаркарските прволигаши Гостивар и Работнички за в петок (19 часот) договорија одигрување пријателски натпревар, кој ќе биде од хуманитарен карактер односно собраните средства ќе бидат наменети за помош на болниот Ивица Стрезовски.

Станува збор за момче кое боледува од спиноцеребрална атаксија и на кое му се потребни средства за лекување во Кина. Средбата ќе се одигра во салата „Младост“ во Гостивар, а влезниот билет ќе чини 50 денари. Од двата клупа апелираат трибините да бидат исполнети до последно место за да се соберат што е можно повеќе средства за лекување на болниот Ивица.

Исто така, објавени се и телефонските броеви на донации од страна на сите оние кои ќе сакаат да помогнат, а нема да може да присуствуваат на овој кошаркарски спектакл.