Кошаркар на МЗТ во исчекување на драфтот потпиша за – Галатасарај!

Турскиот интернационалец Рагип Атар, кој минатата сезона го носеше дресот на МЗТ Скопје, следната сезона ќе игра за турскиот гигант Галатасарај.

Станува збор за талентиран 20-годишен центар, кој се пријави и за учество на НБА-драфтот, кој поради пандемијата со коронавирусот наместо традиционалноп во јуни, ќе се одржи во октомври. Атар одигра пет натпревари во АБА2 за тимот од Аеродром, додека не дочека да дебитира во домашното првенство поради прекинот што се случи на почетокот од март.

Тој е поранешен младински репрезентативец на Турција, кој одигра одлично на ланското ЕП заиграчи до 20 години во Израел со просек од 11,5 поени и 5,8 скока. Во кариерата има играно уште и за турска Бандирма.