Коронавирус и во КФМ: Еден од предводниците на макбаскетот позитивен на Ковид-19!

По големиот број заразени со Ковид-19 помеѓу членовите на екипите од Првата лига, позитивни на коронавирусот се појавија и меѓу предводниците на македонската кошарка, поточно меѓу тие што се секојдневно задолжени да работат на просперитетот на овој спорт во државата.

Станува збор за член на најтесното раководство на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), кој иако е без значајни симптоми веднаш е изолиран и се очекува набрзо да се врати на своето работно место во федерацијата (името е намерно изоставено со цел да се зачува неговата приватност). Ова сигурно ќе биде голем проблем за Куќата на кошарката во период кога треба да се најде решение за тоа дали и кога би почнала новата сезона.

Првенството досега двапати беше пролонгирано, поради појавата на позитивни на Ковид-19 меѓу прволигашите, прво во таборот на Работнички, а потоа и во речиси половина Прва лига, поради што дел од екипите во моментов се во карантин односно во изолација.