
КФМ ги казни учесниците во плејофот со вкупно – 320.000 денари!
Убедливо најказнуван е вицешампионот Пелистер, кој треба да плати повеќе од останатите три тима кои се бореа за титула – заедно. Битолчани за проблемите со публиката, фрлањето тврди и меки предмети, навредите кон противниците и челниците на КФМ ќе треба да уплатат скоро 3.000 евра и тоа за четири средби одиграни на домашен терен, по две со Еуро Никел и со МЗТ Скопје. Највисоки ставки се за фрлање тврди предмети и плукање и тоа по 24.000 денари, шестата техничка на клупа ги чини 19.200 денари, додека неспортскиот однос на Бобан Стајиќ е казнет со 15.000 денари според Дисциплинскиот правилник.
МЗТ Скопје ќе треба да плати 74.800 денари, од кои повеќе од половина се од полуфиналната серија со ТФТ (44.400 денари), додека тимот од скопската населба Тафталиџе е санкциониуран со 59.200 денари. Убедливо најмалку од сите полуфиналисти е казнет Еуро Никел и тоа само 16.000 денари и тоа само поради технички грешки.