Јончевски повеќе не е тренер на Кожув

Непосредно по поразот од Академија ФМП во осмото коло од Првата македонска кошаркарска лига, Александар Јончевски поднесе оставка на тренерската позиција во Кожув.

Поранешниот вицешампион има скор 2/6, а по денешниот неуспех, селекторот на македонската репрезентација одлучил дека е време да се повлече од својата позиција. В понеделник, управата на клубот треба само да ја констатира разделбата и да тргне во потрага по нов шеф на стручен штаб.

Јончевски го презеде Кожув на почетокот од оваа година, а ова беше негов втор мандат на клупата на гевгелискиот клуб. Првиот го помина од 2018 до 2021 година по што ги водеше уште Гостивар и Трепча пред да се врати на југот на Македонија.