Инграм постигна 31 поен, но Гостивар загуби од ТФТ

Кошаркарите на ТФТ славеа со 91-77 против Гостивар, а натпреварот го одбележа Џејлен Инграм со 31 поен.

ТФТ го декласира ривалот уште во првата четвртина која ја доби со 29-13, а Гостивар не успеа да се соземе до крајот на првото полувреме и замина на паузата со 27-44.

Гостивар се трудеше во вториот дел да внесе неизвесност во натпреварот, меѓутоа немаше решение за расположените кошаркари на ТФТ.

Најдобар во победничкиот тим беше Страхил Николов со 24 поени, додека Ингарм за Гостивар запиша 31 поен.

Победа вечерва оствари и Чаир против Кожув со 86-70, а најефикасен беше Галовеј со 23 поени и четири скокови.