Ептен заслужено: Магдевски избран за МВП на финалната серија!

Андреј Магдевски во финалната плејоф-серија, секако и претходно во текот на целата сезона, потврди дека Македонија располага со квалитетни кошаркари, откако со фантастичните партии, пред сѐ во последните два меча, го заслужи МВП-признанието за големото финале.

Бекот на „металците“ денешната средба ја заврши со 21 поен, меѓу кои беше клучната тројка на 90 секунди до крајот, со која буквално го откажа противникот од обидот за резултатски пресврт. Магдевски покажа голема храброст и постврди дека воедно ќе биде и голем адут за Македонија во августовските претквалификации за СП 2023.