Џелетовиќ и Доналдсон постигнаа повеќе од половина поени за победа на Гостивар

Кошаркарите на Гостивар ја забележаа и шестата победа во 7. коло во домашното првенство, откако пред своите навивачи слаева над Еуро Никел со 94-87. 

Во крајно изедначен натпревар, ниту еден од двата тима не се одлепи на повеќе од десет поени се до последната четвртина, кога домаќините дојдоа на два пати до двоцифрена предност (73-63, 76:66).

Уште една одлична партија во победничкиот тим одиграа Донован Доналдсон и Ѓорѓе Џелетовиќ кои заедно запишаа 50 поени. Веднаш зад нив, трет стрелец беше Ивица Димчевски со 18 коша. На спротивната страна Александер Марзет запиша 25 поени.