
Двајца дебитанти во Првата лига: Феникс и Ангели влегоа во кошаркарската елита!
Станува збор за екипа што досега важеше како расадник на таланти, од која потекнуваат поголем дел од перспективата на македонската кошарка како Андреј Јакимовски, Андреј Митревски... Овој тим беше доминантен во најважниот меч во сезоната и апсолутно заслужено дојде до можност да игра со најдобрите во државата.
Пласман во Првата лига обезбеди уште еден скопски тим и тоа Ангели, кој исто така ќе биде дебитант во елитата, а кој во финалната фаза од доигрувањето во Плејофот го совлада Чаир со чисти 2-0.
Феникс и Ангели ќе одиграат и финална серија за тоа кој ќе ја добие второлигашката титула, само како дополнителна сатисфакција на веќе обезбедениот џекпот – место во Првата лига и добивање прволигашки ваучер од државата кој сигурно нема да биде под 100.000 евра.