Дојде ред на Чаир да се жали: Во Битола бевме навредувани, а автобусот - каменуван (ФОТО)

Кошаркарскиот клуб Чаир вечерва излезе со соопштение, по гостувањето кај Пелистер во рамките на деветтото коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Довчерашниот лидер на табелата загуби со 73-77, но при заминувањето од Битола, експедицијата се соочила со проблеми.

 

 

„Натпреварот го окаракетиризира големата тензија и притисокот од домашната публика што вклучуваше навреди, говор на омраза и фрлени предмети кон нашите кошаркари. Дури и по такви инциденти не беше одлучено да се испразнат трибините. На крајот, при заминувањето, нашиот автобус беше каменуван, чин што ние силно го осудуваме“, пишува во соопштението од Чаир.

Натпреварот во Битола имаше и прекин во последната четвртина откако член на стручниот штаб на Чаир беше погоден од трибините. Видеото од каменуваниот автобус погледнете го ТУКА.