Дамјан Стојановски: Дома ја докажавме класата, но останува жал за испаѓањето од АБА!
Ветеранот не беше премногу расположен во нападот, со оглед што постигна само пет поени, но гинеше во одбраната и имаше голем удел во остварувањето на целта.
„Знаевме дека клуч за победа на гостински терен е во одбраната, со оглед што Пелистер има квалитетни офанзивни кошаркари. Свесни бевме дека добрата дефанзива носи победи на гости, а со тоа и титули. Во домашното првенство ги оправдаме очекувањата и покажавме класа но жалиме за испаѓањето од АБА-лигата. Се надевам дека ќе продолжиме со континуитет и ќе се вратиме во јадранската елита“, изјави Дамјан.
Најдобар на мечот беше неговиот брат-близнак Војдан, кој средбата ја заврши со 33 поени и тоа со само две промашувања (6/7 за тројка, 6/7 за двојка), на што додаде и седум скока.