Екипата на ТФТ поведе со 2-1 во четвртфиналето од плејофот откако попладнево како домаќин го совлада Чаир со 76-65.

ТФТ ја имаше контролата над играта и резултатот во најголемиот дел од мечот, но Чаир во првото полувреме се одржуваше во игра и не дозволуваше предноста да биде голема. Во седмата минута беше 21-14, на стартот од вториот квартал и 28-18, но на средина од таа четвртина гостите се доближија на само еден поен негатива. На пауза се замина со 42-37 за ТФТ, а потоа дојде клучниот период ое мечот.

Тимот од Тафталиџе го отвори второто полувреме со 18-4 и по шест минути игра веќе водеше со 60-41. Во натамошниот дел од мечот, Чаир само еднаш успеа да спушти на едноцифрена негатива, но не и да ја загрози победата на домашниот тим.

Цела почетна петорка на ТФТ заврши со двоцифрен број поени, најмногу постигна Верц - 13. Кај Чаир само Галовеј беше двоцифрен со 22 поена. Четвртиот меч се игра повторно на теренот на ТФТ кој на него ќе има можност да обезбеди пласман во полуфиналето од плејофот.