Баскет Кам подобар од Бадел 1862 за трофејот во Суперкупот

Кошаркарките на Баскет Кам триумфираа со 69-61 против Бадел 1862 во СРЦ „Кале“ и ја освоија титулата во Суперкупот на Македонија.

Баскет Кам подобро го отвори натпреварот (8-2), но девојките на Бадел веднаш се вратија во игра и направија целосен пресврт со серија од 7-0 (11-10).

По воведните возбудувања следеше доминација на Баскет Кам, кој стигна до +17 во еден момент, а на паузата замина со предност од +14 (45-31).

Бадел со неверојатна серија од 16-0 успеа да направи целосен пресврт во вториот дел 47-45, по што следеше девојките на Баскет Кам го вратија водството во завршницата и стигнаа до посакуваниот триумф (69-61).

Кејтлин Метју беше најдобра кај Бадел со 25 поени, додека најефикасна во составот на Баскет Кам беше Сања Адамовска со 21 поен.

ФОТО: КФМ