Америка стана ветена земја: Наследникот на Владо Илиевски ќе игра во НЦАА лигата!

Македонскиот кошаркарски талент, Димитар Зетов (20 години), од следната сезона ќе ја продолжи кариерата во САД, откако постигна договор за настап во елитната дивизија во НЦАА лигата.

Долгогодишниот младински репрезентативец, кој со оглед дека е од Струмица неретко е нарекуван и наследник на Владо Илиевски, ќе го носи дресот на Мисури стејт универзитетот од Спрингфилд, градот каде што е измислена кошарката од Џејмс Нејсмит. Екипата минатата сезона ја заврши на осмата позиција во својата конкуренција, а домашните натпревари ги игра во арена која собира околу 11.000 гледачи.

Зетов со овој трансферим се придружива на репрезентативните соиграчи, Андреј Шошкиоќ и Теодор Симиќ, кои исто така настапуваат во американската колеџ-лига. Младиот кошаркар од Струмица зад себе има солидна сезона во Кожув, со кој обезбеди место во Топ-6 фазата од домашниот шампионат, а претходно беше дел и од МЗТ Скопје. За Зетов во минатото интерес покажуваше и Партизан, каде што своевремено беше и на проба, а воедно ги мина сите младински селекции на македонската репрезентација.