Амбициозниот Гостивар се намачи, Фени и Куманово без проблеми до „сефте“!
Амбициозните гостиварци се намалија додека дојдоа до бодовите против незгодниот гостин од Гевгелија, кој постојано му „дишеше во врат“ на фаворитот. Убедливо најзаслужен за триумфот беше Американецот Џозеф Фустингер, кој средбата ја заврши со 32 поени и 14 скока, додека Александар Костоски и Јурај Сегариќ постигнаа 11 односно 10 поени. Никола Караколев со 19 поени беше најефикасен кај Кожув.
Куманово полека го кршеше отпорот на повратникот во елитата од Скопје. Домашните постојано се закануваа, но пресуди поголемото искуство на кумановци. Мирко Ковач со 20 поени беше најефикасен додека Игор Пенов и Филип Думиќ постигнаа по 17 поени во победничкиот тим, додека Американецот Џиниус Провел со 32 поени беше најпрецизен кај вардарци.
Фени И. Триумфот го завери дури во последната четвртина која ја доби со 13 поени разлика (26-13), додека дотогаш гостите успеваа да држат каква-таква резултатска рамнотежа. Предраг Пајиќ со 22 поени беше најефикасен кај кавадарчани, каде што Јане Петровски постигна 17, а Американецот Кенет Фундербург 15 поени. Неговиот сонародник Харис Џуморд со 21 поен беше најпрецизен кај битолчани.
Работнички претходно, како гостин, го совлада АВ Охрид со 94-44. Колото завршува утре со мечот помеѓу Блокотехна и МЗТ Скопје.