Адем Мекиќ експресно го напушти ТФТ и се пресели во Косово!
Тој кариерата ќе ја продолжи во косовското првенство, со оглед што потпиша договор со тимот на Бора, кој е последен на табелата со само една победа во досегашните осум меча. За него ова ќе биде трето меѓународно искуство, по двете сезони во романскиот Темишвар и хрватскиот Задар.
Мекиќ одигра пет натпревари во домашното првенство, остварувајќи учинок од 13,2 поени и пет скока.