Зидан се посрамоти - не знаеше на кој возач да му го даде пехарот (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер и тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан вчера го следеше спринтот пред главната трка во Мајами, но за време на доделувањето на наградите не се прослави.

Зидан тргна да го додели трофејот за второпласираниот возач, но наместо на Шарл Леклер сакаше наградата да му ја даде на Серхио Перез.

Мексиканецот веднаш реагираше и му покажа со рака дека пехарот му припаѓа на Леклер, по што Зидан веднаш се корегира, а неговиот потег ги насмеа присутните.