И тоа се случи: Жестока тепачка на трибините на трката за ГН на Мексико (ВИДЕО)

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен беше најбрз на трката за Големата награда на Мексико, а за време на истата се случи и инцидент меѓу Серхио Перез и Шарл Леклер, но и тепачка на трибините.

Инцидентот меѓу Перез и Леклер предизвика свирежи од домашните навивачи кон возачот на Ферари, а тоа не им се допадна на навивачите на италијанскиот тим кои влегоа во вербална пресметка со ривалот.

Нетрпението за момент премина во физичка пресметка, каде што се степаа неколку навивачи на Перез и фановите на Ферари.