Зарко ја освои пол-позицијата во Силверстоун (ВИДЕО)

Жоан Зарко ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Велика Британија, која се вози на Силверстоун во Мото ГП шампионатот.

Зарко во возбудливи квалификации на целта стигна со време 1.57,767 и така ја освои пол-позицијата, па утре ќе се обиде да запише триумф на патеката.

Втората позиција му припадна на Маверик Вињалес од Априлија, додека трет ќе тргне Џек Милер од Дукати.

Трката се вози в недела од 14 часот.