Возачот на Мекларен, Ландо Норис позитивен на Ковид-19

Младиот возач на Формула 1 тимот Мекларен, Ландо Норис е позитивен на Ковид-19. Англичанецот ја објави веста преку социјалните мрежи, а исто така беше потврдена и од тимот. 

Норис моментално престојува во Дубаи и во текот на вчерашниот ден загубил чувсто за мирис и вкус. Веднаш заминал во изолација и бил тестиран за коронавирус. Резултатите покажале дека е позитивен.

Тој во следните две недели ќе биде во карантин и моментално се чувствува добро и нема други симптоми. Норис е вкупно четвртиот Ф1-возач, кој се зарази со Ковид-19, бидејќи претходно уште додека траеше сезонава позитивни беа и Луис Хамилтон, Серхио Перез и Ленс Строл.