Вљубениците во Ф1-циркусот во солзи: Почина Ники Лауда!

Светот на спортот остана без уште една икона, откако доцна синоќа почина еден на најголемите возачи во формула еден, Ники Лауда.

Австриецот имаше 70 години.

"Со голема тага објавуваме дека нашиот Ники почина на 20 мај 2019 година", кусо објави семејството на Лауда.

Лауда беше светски првак во Ф1-шампионатот во 1975, 1977 и во 1984 година. Минатото лето му беше извршена трансплантација на белите дробови поради што неколку месеци мина во болница,. Хируршкиот зафат за кратко му го продолжи животот, но синоќа Лауда ја загуби најважната битка.