Ужасен финиш за Хамилтон и Фертапен, Перез славеше пред Фетел во Баку (ВИДЕО)

Денеска се возеше трката за Големата награда на Азербејџан на која триумфираше возачот на Ред Бул, Серхио Перез, иако неговиот тимски колега Макс Ферстапен имаше водство во поголемиот дел од трката, но на четири кругови пред крајот го искрши болидот.

Болидот на Ферстапен настрада во самиот финиш, по што Перез ја искористи грешката и стигна до првата позиција, но трката беше прекината во самата завршница и тоа му даде можност на Луис Хамилтон да го преземе првото место.

Хамилтон успеа во неговата намера по рестартот на трката, но само до првиот свиок, по што излета од патеката и му дозволи на Перез да слави пред одличнито Себастијан Фетел, додека трет беше Пјер Гасли.