Убава вест: Грожан пет години по ужасот во Бахреин се враќа на патеките!

Францускиот возач Роман Грожан (39) повторно ќе седне зад управувачот во болид на Формула 1 речиси пет години по страшата несреќа која ја доживеа за време на трката за Големата награда на Бахреин.

Грожан во 2020 година со неговиот болид при брзина од 225 километри на час удри во оградата од патеката по што болидот се запали. Французинот за среќа успеа да излезе од болидот по 28 секунди и се здоби со изгореници на рацете и зглобовите.

Од тој момент поминаа речиси пет години, а утре на патеката Муџело ќе седне да тестира во болидот на Хас.

На патеката во Муџело Грожан ќе користи кацига која ја дизајнираа неговите деца и со која планираше да настапи на неговата последна трка во Абу Даби во 2020 година.