Турција по финалето од ЛШ поради рестрикциите остана и без – трката во Ф1!

Рестриктивните мерки кои беа донесени поради зголемениот број заразени со коронавирусот е причината поради која Турција не само што остана без финалето од фудбалската Лига на шампионите (ЛШ), туку и без трката од формула еден-шампионатот, која требаше да се вози на 13 јуни.

Турската пресметка на најдобрите светски возачи беше дополнително внесена на местото на Канада, поради рестрикциите за патување во оваа држава, но поради слични проблеми челниците на Ф1 мораа да побараат трета алтернатива.

Ова значи дека тогаш нема да се вози, а како дополнение ќе биде втора трка сезонава во Австрија на 27 јуни на „Ред Бул ринг“, додека Големата награда на Франција е поместена една недела претходно и ќе се вози на 18 јуни.