Трагедија во Бразил: Загина шампионка во мотоциклизам по пад од мотор!

Шампионката во мотоциклизам Индијана Муњоз загинала на трка во Бразил. Таа починала од повредите кои ги заработила при несреќата на трка од „Супер бајк“.

Таа во еден свиок ја загубила контролата врз својот мотор и заработила смртоносни повреди. Инаку, Муњоз најголемите успеси ги постигнала токму во Бразил во спортот во кој била заљубена уште како дете.