Тотална доминација на светскиот шампион: Ферстапен трет пат по ред победник во Јапонија

Актуелниот светски првак Макс Ферстапен ја продолжи својата доминација во Формула 1 откако денеска триумфираше на трката за Големата награда на Јапонија што се вози на патеката Сузука.

Тоа е негов трет триумф по ред на оваа трка и вкупно 57. во кариерата, во Формула 1. Во исто време, ја оствари третата победа оваа сезона и им се врати на успесите по откажувањето на минатата трка, во Австралија.

Возбудувања на легендарната патека денеска воопшто немаше бидејќи холандскиот возач водеше од почетокот до крајот, а неговиот триумф воопшто не беше загрозен во ниеден момент. Најблиску до него беше тимскиот колега Серхио Перес, а третото место го освои Карлос Саинс од Ферари кој и во четвртата трка оваа сезона успеа да се искачи на подиумот.

Во генералниот пласман води Ферстапен со 77 бода, а дојде до промена на втората позиција на која сега е Перес со 64, пред Шарл Леклерк со 59. Следната недела е на програмата во Кина, за две недели.