Тод: Со Шумахер веќе ништо не е исто

Првиот човек на ФИА во Формула 1, Жан Тод, открива детали од ситуацијата со седумкратниот шампион, Германецот Михаел Шумахер.

Германецот веќе долги години се рехабилитира од повредите кои ги здоби скијајки на француските алпи и како одминува времето, се поголем е скептицизмост дека тој може повторно да биде оној стариот.

Поранешен соработник на Шуми истакна дека со германскиот пилот веќе ништо повеќе не е исто.

Семејството му пружи големо внимание и грижа. Сите во неговото семејство се дел од борбата која Михаел ја води. Нашата поврзаност и пријателство не може да биде исто како порано, затоа што ја нема таа комуникација како порано во Ф1, откри Жан Тод.