Тажна вест: Загина легендарен американски рели возач!

Ужасна вест ни доаѓа од САД каде што во несреќа со моторна санка загинал легендарниот рели возач Кен Блок на 55-годишна возраст.

Блок возел моторна санка во Јута со голема брзина, по што возилото се превртело и паднало врз него и рели возачот загинал на лице место.

„Со голема жал ве известуваме дека Блок почина по несреќа со моторна санка“, соопштија од екипата Хуниган.

Во текот на неговата кариера освои голем број трофеи, а во првата сезона како рели возач беше прогласен за најдобар почетник во годината.