Светскиот шампион убедливо најплатен, ама колку ќе заработи Хамилтон догодина во Ферари?
Убедливо на првото место е светскиот шампион Макс Ферстапен чија плата изнесува 55 милиони долари, на второто место е Луис Хамилтон со 45 милиони, па Шарл Леклер со 34 милиони и далеку зад нив Џорџ Расел и Фернандо Расел со 18 милиони. Најмала заработка имаа Јуки Цунода и Логан Сарџент со по еден милион долари.
По ова, се поставува прашањето, колкава е сумата со која Ферари успеа да го убеди Луис Хамилтон идната година да се пресели во италијанскиот тим. Детали од тој договор уште не се објавени, туку само дека Британецот по една деценија ќе си замине од Мерцедес и ќе се пресели во Ферари.