Судиите едногласни: Победата на Ферстапен останува да важи! (ВИДЕО)

Холандскиот возач Макс Ферстапен може да продолжи да ја слави победата во трката за Големата награда на Австрија, зашто судиите нема да му ја одземат истата.

Ферстапен победи така што на три круга пред крајот го премина Шарл Леклер, но тоа беше сомнително затоа што го истурка возачот на Ферари од патеката.

Сепак, откако судиите три ипол часа размислуваа дали е исправен потегот или не, донесоа одлука дека во ред било преминувањето и победата останува кај Ферстапен.