Страшен пад на Маркез во Тајланд: Шпанецот заврши во болница (ФОТО+ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез доживеа тежок пад на Тајланд, откако Шпанецот падна на слободниот тренинг пред трката, по што мораше да биде пренесен во болница.

Маркез по падот успеа да стане на нозе и да отиде до медицинскиот тим покрај патеката. Сепак, беше решено поради претпазливост да биде пренесен во болница, кадешто бил прегледан.

Докторите констатирале дека претрпел полесни повреди, а и покрај болките кои во моментов ги трпи, Шпанецот би требало да вози на трката.