Скандал го тресе Ред Бул, на удар шефот на тимот

Неколку дена, шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер се наоѓа во центарот на вниманието на светската автомобилистичка јавност поради скандал што го обелодени негова колешка.

Нејзиниот идентитет не е познат, ниту пак се знае што точно се случило, но се истакнува дека Хорнер „се однесувал неприкладно кон неа“ поради што Ред Бул веднаш одлучил да спроведе итна истрага. Хорнер, нормално, ги отфрла обвиненијата на негова сметка, но за петок е закажано сослушување со неговите претпоставени за да се реши целиот проблем во пресрет на новата сезона. Ситуацијата е толку сериозна што дури се шпекулира дека тој може да ја загуби работата, ако се докаже дека и праќал недолични коментари на својата колешка.

Дури, тој бил советуван да си поднесе оставка и самиот да го напушти Ред Бул што Британецот засега одбива и најавува борба до крај. Колку и да е заслужен за успесите на Ред Бул во последно време, компанијата и Ф1 тимот не сакаат да го нарушат имиџот, па затоа е ангажиран надворешен адвокат кој треба да спроведе истрага и да открие што точно се случувало.