Шумахер останува во Формула 1 и следната сезона

Мик Шумахер и во 2022 година ќе вози во Формула 1 шампионатот во болидот на Хаас. 

Германецот исто така ќе остане и тимски колега со Никита Мазепин, кој сезонава воопшто не импресионира. Двајцата дебитанти се мачат со болидот на американскиот тим во нивата дебитантска сезона во Ф1.

Сепак, следната година се очекува Хаас да има нешто подобри перформанси, бидејќи уште од лани тимот се фокусира на болидот за 2022 година. 

Со оваа потврда на возачкиот пар во Хаас веќе се јасни сите постави за следната сезона, а само останува отворено прашањето дали Антонио Говинаци ќе го задржи своето место во Алфа Ромео.