„Шумахер никогаш нема да биде истиот човек кој го познававме“

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер во 2013 година имаше несреќа на скијање, по која никогаш повеќе не се појави во јавноста, а семејството не сакаше да открива детали за неговата здравствена состојба.

Поранешниот возач Џони Херберт кажа дека Шумахер не е човекот кој бил во минатото и тоа влијаело дури и на неговиот брат Ралф Шумахер.

„Кога Ралф работеше за ‘Скај Германија’ многу често имавме средби. сега мора да работи повеќе за да помогне на семејството. Несреќата на Михаел го промени и него. Никогаш нема добри вести за Михаел. Страшно е тоа што Шумахер никогаш повеќе нема да биде човекот кој го познававме“, вели Херберт.