Седумгодишното скопјанче Христо станува мајстор во картинг!

На седумгодишното момче Христо Ковачи му се родила љубовта кон картингот при едно обично излегување со татко му во СЦ „Борис Трајковски“, кога посакал да се повози малку, по што почнал почесто да доаѓа и активно да се занимава со тркање.

Малиот Христо вели дека ужива додека вози брзо, па се чувствува како да е во Формула 1 при преминување на неговите ривали на патеката.

Скопјанчето почнало со тренинзи најпрво во Солун уште во февруари, по што од април било и во Бугарија, кадешто тренер му бил искусниот Тошо Јаначков.

Веднаш потоа малиот Христо настапил во бугарскиот шампионат. Таму освоил четврто место во квалификациите, но на стартот на трката излетал од патеката. Сепак, тоа не го обесхрабрило, па се заинатил и на крајот успеал да го освои четвртото место по десет извозени кругови.

Повеќе детали за Христо може да прочитате во најновото издание на Скопско Ехо