Саинц по победата во Австралија: Животот понекогаш е луд!

Возачот на Ферари, Карлос Саинц ја прекина доминацијата на Ред Бул и славеше на трката за Големата награда на Австралија.

Саинц ја пропушти претходната трка поради операција на слепото црево, но сега се врати посилен и се искачи на тронот.

„Ова беше навистина добра трка. Се чувствував добро во болидот. Многу сум среќен и горд на екипата. Тоа покажува дека напорната работа се исплати, а понекогаш животот знае да биде луд“, кажа Саинц.

Четвртата трка во Формула 1 се вози на 7 април за Големата награда на Јапонија.