Роналдо дојде во седиштето на Ферари, па експресно потроши – 1,6 милиони евра!

Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо, ѕвездата на италијански Јувентус денеска беше во посета на авто-гигантот Ферари во Маранело, во придружба на газдата на Јувентус, Андреа Ањели, кој е газда и на ФИАТ и Ферари.

Португалскиот ас е голем љубител на автомобили и неговата гаража е преполна со автомобилски ѕверови на кои се потрошени десетина милиони евра, па без размислување ја прифатил поканата на својот газда Ањели да ја посети фабриката во Маранело.

Како дојде во седиштето на „црвениот барон“, така Роналдо експресно потроши од својата дебела сметка, па искеширал 1,6 милиони евра за да си го набави Ферари Монца СП2. Овој автомобил неодамна го купи и шведската суперѕвезда Златан Ибрахимовиќ од Милан.

Инаку, Роналдо пред да го купи овој модел, го тестирал на патеката во Маранело, па ја надополни колекцијата во која се и Бугати, Мекларен Сена, Ферари Ф12, Мерцедес Г Брабус...